Утрински Весник
Македонија

Државата се задолжува со 30 милиона евра краткорочен кредит кај приватна банка по непозната каматна стапка

Gordana dimitrieska kocoska1.jpg

Нема задолжување надвор од предвидените за годинава, тврди министерката Гордана Димитриевска Кочоска, откако вчера се појави информација дека државата зема краткорочен кредит од 30 милиони евра кај една домашна банка, за да го финансира буџетскиот минус. Кочоска уверува дека Буџетот е во одлична кондиција и дека нема никаков проблем со ликвидноста. Проблемот со доцнењето на исплатата на Мој ДДВ кон граѓаните е технички, тврди таа.

Одлуката за новото задолжување е објавена во службен весник минатата недела, но во неа нема детали ниту за рокот на враќање , ниту за каматата. Министерката објаснува дека задолжувањето се движи во рамки на она што било утврдено со Буџетот за 2025 година и дека државата веќе ги анализира пазарите за следната година и се прават планови за задолжување преку еврообврзница, но и други извори за да се покриjaт стари долгови, но и минусот во буџетот. На денешната средба со својот словачки колега, министерката за финансии тврди дека државата не доцни ниту со враќањето на ДДВ кон компаниите.

Според неа, воведувањето е-фактура ќе го реши овој проблем, ќе го модернизира процесот и ќе ги намали злоупотребите, додавајќи дека доколку системите биле надградувани навреме, денес немало да се зборува за доцнења во повратот на ДДВ.

Можете да прочитате

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец, во неготинско, се вршела идентификација и обдукција бидејќи телото било непрепознатливо

Објектите на приклучок на парно ќе мора да имаат инсталација за греење

Израел ќе учествува на Евровизија 2026