Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Квалитетното образование се темели на добри наставници

Vesna Janevska Scaled 1.jpg

На свечената академија која се одржа на педагошкиот факултет ,,Св ,,Климент Охридски” по повод одбележување три децении работа, присуствувапе министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која искажа благодарност до сите оние кои низ кодините подготвуваа идни наставници и оние кои ја практикуваа наставничката професија.

„Квалитетното образование се темели на добри наставници. Може да имате најдобри наставни програми и училници опремени со современи алатки, но ако нема добри наставници кои ќе ги оживеат, нема квалитетно образование. Затоа, Педагошкиот факултет има незаменлива улога како образовна институција“, нагласи Јаневска.

Министерката Јаневска нагласи дека за новата реалност, обликувана од дигиталната трансформација и технолошките иновации, потребни се наставници кои уште во раното детство ќе постават силни темели за учење, знаење, размислување, како и други социјални вештини, кои потоа ќе се развиваат и унапредуваат во текот на образовниот процес.

„Реформирајте ги постојните програми. Одборот за акредитација ќе ве поддржи, а одборот за евалуација ќе ви помогне да ги идентификувате предизвиците. Мора брзо да ги подобриме сите сегменти од образовниот систем ако сакаме да го зголемиме квалитетот. Мора да ги зајакнеме капацитетите на едукаторите и наставниците во училницата, додека Педагошкиот факултет мора да биде вклучен во процесот на нивна обука и професионален развој“, нагласи министерката.

Јаневска изјави дека нашето образование како целина има простор за подобрување, а за таа цел се во тек реформи што вклучуваат промена на наставните програми и обука на наставниците.

„Нашите деца не се помалку способни од нивните европски врсници да бидат на дното на меѓународните тест табели. Затоа ќе го продолжиме времето што го поминуваат во училиште, а тоа ќе се искористи за развој на знаења и вештини споредливи со оние што ги имаат учениците во Европа. За да се подготват наставниците да се префрлат од едноставни предавачи на факти во водичи и партнери во процесот на учење, тие ќе поминат низ потребната обука, вклучително и за разбирање на прочитаното“, нагласи Јаневска.

Можете да прочитате

Како всушност функционира системот „Безбеден град“, што ќе се казнува и како ќе се казнуваат странски државјани

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари

Магла на Ѓавато, Плетвар,Стража и Крушево