Утрински Весник
Економија

Словачка ни завидува на економскиот раст

Rast.webp.webp

Инфлацијата во ЕУ се движи меѓу 2 и 3 проценти, додека во Словачка е околу 4%. Земјите како Словачка, рече словачкиот министер за финансии Ладислав Каменицки, силно зависат од надворешни економски фактори, особено од Германија, Австрија и Франција земји што моментално се во рецесија.

Ние сме најголем производител на автомобили во Европа „пер капита“ и многу зависиме од тоа што се случува во Германија и во другите европски земји. Од Германија треба да ни стигнат нарачки кои во моментов не стигаат. Ние можеме да ви позавидиме зашто имате раст од околу три отсто, за разлика од Словачка каде е еден процент, рече денеска министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки по средбата со неговиот домаќин, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Тој додаде дека пазарот на енергија во Европа има ограничена конкуренција и дека треба да се дозволи купување енергија таму каде што е поевтина. Потсети и на последиците од КОВИД-кризата, по која Словачка влезе со дефицит над 6%.

–За да биде Европа конкурентна, треба цените на енергијата да бидат колку што е можно пониски, подвлече Каменицки. – рече тој.

Можете да прочитате

Од полноќ големо намалување на цените на горивата

Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји

Разлика од 29,3 процентни поени меѓу споредуваните периоди кај нискоградбата