Утрински Весник
Македонија

Системот на Безбеден град следно ќе профункционира во Тетово и Куманово

Safe City Kameri Bezbeden Grad.jpg

До крајот на декември електронскиот систем „Безбеден град“ ќе почне да функционира и во Куманово и во Тетово, најави началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов, во гостување на Топ Тема на Телма.

Во моментов системот е активен на целата територија на Град Скопје, каде што автоматски ги регистрира сообраќајните прекршоци.

„Активиран е електронскиот систем за детектирање на прекршоци. До крајот на месецов планираме да се активира истиот систем и во градовите Куманово и Тетово, а од следната година ќе биде имплементиран на територија на цела држава“, изјави Арсовска-Манов.

Опремата веќе е поставена и на Коридорите 8 и 10, од каде што, во секој момент, се очекува да започне автоматското детектирање на прекршоци.

Можете да прочитате

СДСМ: МНР призна дека има преговори – само што се „тајни” за гласачите на ВМРО

Работник загинал при нелегална сеча на дрвја

Уште колку жртви и аларми им требаат на инстутуциите за да го сопрат „Дурмо турс” прашува Левица