Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Виетнам, Нујен Ти Мин Нујет

Foto 4.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Социјалистичка Република Виетнам, со седиште во Софија, Нујен Ти Мин Нујет.

Во обраќањата на церемонијата обете изразија подготвеност за поблиска соработка во духот на добрите македонско-виетнамски релации, заемното разбирање и меѓусебно почитување.

Сиљановска-Давкова изрази увереност дека новоименуваната виетнамска амбасадорка со своето дипломатско искуство значително ќе придонесе за збогатување и интензивирање на соработката.

Амбасадорката, пак, ја нагласи својата посветеност на унапредувањето на билатералните односи за доброто на двата народа.

На средбата беа идентификувани значајни можности и неискористен потенцијал за унапредување на соработката на политички и економски план, во образованието, науката, земјоделството, здравството, туризмот, културата, како и во меѓународните организации и институции.

Според Сиљановска-Давкова во овие области двете земји можат да понудат многу повеќе.

Претседателката ѝ посака на амбасадорката успех во извршувањето на значајната и одговорна функција.

Можете да прочитате

Зајкова: Статус квото не е стратегија – потребна е обединета македонска позиција

Ограбил обложувалница во Тетово, па сакал да избега од државата, полицијата го уапси

„Мој ДДВ” не работи затоа што нема пари во буџетот, велат од СДСМ