Утрински Весник
Економија

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите

Narodna Banka.jpg

На 18 декември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите. 

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 12 декември 2025 година (петок). 

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Можете да прочитате

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во САД откако Трамп се врати на власт

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Од полноќ повисоки цени на горивата