Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нервоза по објавените криминални скандали, Власта се нафрли врз младите кои ја шират вистината на Фејсбук

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Објавата на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ и сакандалите со милионски тендери за крадење на граѓаните ја зголеми нервозата во власта.

Само поради критички објави на Фејсбук, младите добиваат закани, повици на информативни разговори, па дури и покани од суд и обвинителство. Сè поочигледен е политичкиот прогон што го спроведува власта врз наши членови и млади активисти.

Ова е класичен притисок врз слободата на говор, обид да се заплашат луѓето и да се замолчи секоја критика кон власта на Мицкоски по рецептот на Никола Груевски.

Тоа што го правеше Груевски сега го прави Мицкоски. Исти ликови, иста банда.

Ниту некој ви се плаши, ниту некој ќе можете да заплашите или да замолчите.

Бадијала ви се заканите, погрешни ви се алатките, методите, притисоците нема да имаат резултат.

Вистината нема да ја запрете, правдата ќе ве стигне.

Продолжуваме со објавување на скандалите, криминалните шеми за испумпување на парите и богатење на поединците на власт.

Го поразивме криминалниот систем на Никола Груевски ќе го поразиме и овој на Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Акција на МВР и ФБИ: Во Голема Речица уапсени администратори на нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

ФБИ трага доведе до Тетово: Уапсени двајца за нелегален онлајн пазар, запленети компјутери и телефони

Дуплиран бројот на загинати работници во Македонија