Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова на Меѓународниот ден на лицата со попреченост во посета на училишнот ресурсен центар „Партенија Зографски”

Foto 3 2.jpeg

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го посети Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски” – Скопје, коешто годинава одбележува 70 години постоење.   

На свечениот настан, што се одвиваше и на знаковен јазик, се обрати директорката на единственото средно училиште за ученици со оштетен слух и говор во Републиката, раскажувајќи ја долгата, богата и недовршена приказна за многуте генерации посветени  професори и вредни ученици, чија желба за учење била крунисана со бројни награди, пехари и медали.

Еразмус акредитацијата многу кажува за успешноста на ова училиште.

Претседателката изрази огромна благодарност и среќа за можноста да го прослави важниот ден и јубилеј со учениците и нивните професори.

Можете да прочитате

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Завршни зборови во случајот против Стојанче

Заврши четиринаесеттиот RoboMac 2026 – 24info.mk