Утрински Весник
Свет

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Napad Ukraina Herson.jpg

Во ноември годинава најмалку 249 цивили загинаа, а повредени се 1.317 лица во бомбардирањата и нападите насочени кон цивилна инфраструктура од двете страни на фронтот, се наведува во извештајот на руската невладина организација Тим за разузнавачка служба за конфликти (ЦИТ).

Руските власти во август 2023 година ја прогласија ЦИТ за непожелна.

ЦИТ во „Извештај за бомбардирање“ во ноември 2025 година руските сили лансирале вкупно 5.660 ракети со долг дострел и беспилотни летала, што е зголемување од два проценти во споредба со октомври. Податоците се врз основа на секојдневните извештаи на украинските воздухопловни сили.

Исто така се посочува дека Русија лансирала 5.445 дронови со долг дострел и 215 ракети кон Украина во ноември, што е зголемување од три проценти во бројот на дронови и намалување од два проценти во бројот на ракети во споредба со октомври.

Додека според податоци собрани од Блумберг, Украина минатиот месец најмалку 14 пати нападнала руски рафинерии со дронови.

Можете да прочитате

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван

Лондон: Вработен во градинка се изјасни за виновен за 26 сексуални дела против деца