Утрински Весник
Спорт

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости

20251203162939 big 730x400 43.webp.webp

Ракометарите на Вардар во февруари и март 2026 година ги очекуваат нови четири дуели од ЕХФ Лига Европа. „Вардарци“ со освоеното прво место во групата пренесоа два бода во следната фаза каде за ривали ги имаат Мелсунген од Германија и Бенфика од Португалија. Во новата група покрај Вардар два бода пренесува и Кристијанштад, додека Мелсунген има четири, а Бенфика е без бод.

Според распоредот во групата Вардар првиот дуел го игра на домашен терен со бундеслигашот Мелсунген на 17.февруари, а седум дена подоцна гостува кај Бенфика во Лисабон. На 3.март „црвено-црните“ се домаќини на Бенфика, а на 10.март гостуваат во Германија.

Првото пласираната екипа од групата ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето, а второ и третопласираните екипи од четирите групи ќе играат бараж дуели и победниците ќе играат во четвртфиналето. Победниците на четвртфиналните мечеви ќе се пласираат на завршниот турнир што во мај 2026 година ќе се игра во Хамбург.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет