Утрински Весник
Балкан

Поранешен хрватски пратеник и неговиот син обвинети поради производство и дистрибуција на повеќе од 1,3 милиони лажни ковид тестови

20251203160102 big 730x400 73.webp.webp

Обвинителството во хрватскиот град Вараждин подигне обвинение против две лица, татко и син, под сомнение дека организирале производство на над 1,3 лажни ковид тестови во Турција и ги продавале ширум Европа, при што оствариле нелегална финансиска добивка од околу 450.000 евра.

Обвинителството наведе дека е подигнато обвинение против 26-годишен и 66-годишен маж поради фалсификување лекови или медицински производи и перење пари.

Обвинителството не ги објави имињата на осомничените, но според хрватските медиуми, станува збор за син и татко, Филип и Анѓелко Михалиќ. Таткото е поранешен пратеник од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Според обвинението тие од 26 август 2022 до 25 мај 2023 година организирале производство на лажни ковид тестови. Во фабрика во Истанбул биле произведени 1,3 милиони лажни тестови кои биле прикажани како оригинални и биле увезени во Хрватска преку нивна фирма, а потоа биле продавани во Хрватска, Грција, Романија, Австрија., Шпанија и Германија.

Можете да прочитате

НАТО распореди „Патриот“ системи во Турција

Србија до сега евакуирала 1800 свои граѓани од Блискиот Исток

Вучиќ: Не сме ничии марионети