Утрински Весник
Економија

Панел-дискусија на годишната конференција на МАСИТ: За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Kg240050.jpg

Годинешната конференција на МАСИТ под наслов „Recode Reality, што денеска се одржа во Скопје, ги отвори најактуелните глобални и локални теми од ИКТ-секторот – од развојот и импактот на вештачката интелигенција до модернизацијата на дигиталната инфраструктура, сајбер-безбедноста, финансиските иновации и иднината на образованието во технологијата.

Во своето излагање, Магда Јиануменаџер за југоисточна Европа на Palo Alto Networks, ги претстави главните предизвици и решенија во областа на сајбер-безбедноста, особено во контекст на забрзаниот развој и интеграција на вештачката интелигенција.

На панел-дискусијата посветена на тоа како ВИ веќе го трансформира ИКТ-бизнисот во Македонија, учествуваа: Петар Ниновски основач на Бреинстер, Благица Трпезановска извшен директор на Kuehne+Nagel Macedonia, Иво Павловски, Кеативен директор на Division и Тони Јанкуловски Директор за развој и иновации во Дајнерс.

Панелот привлече исклучителен интерес и интеракција од присутните, со јасни заклучоци дека ВИ веќе ја менува структурата, динамиката и потребните вештини во секторот.

За клучната улога на човечките ресурси во процесите на дигитална трансформација говореше гостинот од Амроп Србија, Милош Ѓурковиќ, кој посочи дека компаниите не можат да напредуваат без систематски развој на талент и менаџмент на промени.

За образованието поврзано за ИКТ како и за темата „Кој ќе ја кодира иднината?”, директорката на Авенга Академи и член на Управниот одбор на МАСИТ, Весна Ивановска, разговараше со министерката за образование Весна Јаневска, како и со деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ). Разговорот се фокусираше на потребата од современи образовни модели и системско градење кадровска база во технологијата.

Посебно внимание привлече излагањето на италијанскиот експерт Пјетро МариниДиректор за иновации во Deltatre Innovation Lab, кој го отвори прашањето за иднината на бизнис моделот на спортските и медиумските права. Тој предупреди дека долгогодишните традиционални модели на стабилност се разнишуваат, со што се отвора дилема за одржливоста на целиот екосистем.

На панелот за бизнис вредности базирани на квалитетни податоци говореа: Филип Петровски, директор на Дата Мастерс и заменик претседател на УО на МАСИТ, Беркан Имери, извршен директор на Халкбанка, Александар Манев, генерален директор на Кроација – друштво за неживотно осигурување и Михајло Борозанов, главен финансиски директор и член на УО на Макпетрол.

Конференцијата беше затворена со панел за финансирање на иновациите, на кој учествуваа: Горан Ковачев, Директор на фонд за енергетска ефикасност – Развојна банка на Македонија, Мухамед Хаџипази, извршен директор на Халкбанка, Иван Чорбев, Европски институт за иновации и технологии и Боро Јакимовски, DigitMak.

Темата на конференцијата Recode Reality претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Можете да прочитате

На својот 80-годишен јубилеј „Реплек“ донираше милион денари за модернизација на Фармацевтскиот факултет

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините