Утрински Весник
Македонија

Во тетовско откриени странски државјанки кои се можни жртви на трговија со луѓе

Mvr Policija 4.jpg

На 02/03.12.2025 во периодот од 22:30 часот до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане, во содејство со ОВР Гостивар, на подрачјето на Полициското одделение Камењане извршиле акциска контрола за откривање на странски државјанки кои илегално престојуваат во државата, кои непријавено работат и кои се можни жртви на трговија со луѓе.

При акциската контрола, во угостителски објект, во с.Горно Седларце, каде управител е 27-годишната Ј.Ц. од Тетово, биле затекнати и приведени О.М.(24), А.Ф.(24), А.В.(28) и А.Т.(27), сите од Украина, кои имале пријавен престој во с.Жеровјане, но престојувале спротивно на целта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата

Петковска: На ОЈО ГОКК му треба шеф кој ќе може да се спротивстави на политичките притисоци

Петковска: За заканите мора да има исти аршини – и за премиерот и за граѓаните