Утрински Весник
Македонија

Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: Возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода

Policija rotacija 1 1.jpg

Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода 24-годишната Џ.А. од селото Ново Село, Општина Боговиње.

Претходно, таа со нејзиното патничко возило Volkswagen Turan со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило Volkswagen Golf со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У. (23) од Тетово. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – Безобѕирно управување со моторно возило.

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini

Демаскирање на митот за „низок IQ“

Комеморација во Собранието за жртвите од пожарот во „Пулс“ – една година од трагедијата во Кочани