Утрински Весник
Балкан

Бугарската опозиција ПП–ДБ поднесува барање за гласање недоверба кон Владата

Bugarija 1.webp.webp

Коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП–ДБ) в петок ќе поднесе барање за гласање недоверба кон Владата на премиерот Росен Жељазков, соопшти во видеопорака на Фејсбук лидерот на ПП, Асен Василев.

Тој најави дека следната недела, кога во Парламентот ќе се води расправата, ќе се одржи уште поголем протест, на кој опозицијата јасно ќе порача „Доста е“ и ќе повика да се даде „шанса за иднината на Бугарија“.

Василев им се заблагодари на сите кои учествуваа на вчерашниот протест, кој го нарече историски. – Јасно кажавме што сакаме – Борисов и Пеевски да престанат да го крадат бугарскиот народ и иднината на нашите деца. За жал, тие одлучија да ја разорат државата, изјави Василев, пренесува БТА.

Тој додаде дека премиерот Росен Жељазков изјавил оти нема да поднесе оставка. „Ќе им помогнеме“, порача Василев.

ПП–ДБ претходно најавија дека ќе побараат оставка доколку кабинетот не се повлече оваа недела. Ова ќе биде шесто барање за гласање недоверба кон актуелната Влада.

Можете да прочитате

Сообраќајот на граничниот премин ,,Евзони” е нормализиран

Бугарската влада го повлекува контроверзниот буџет по масовни протести

Повторно блокиран сообраќајот за сите видови на возила на „Евзони“