Утрински Весник
Свет

Путин: Русија не сака војна со Европа, но е подготвена ако започне

Putin.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија не сака војна со европските сили, но дека ако Европа сака војна, Русија е веднаш подготвена да се бори. Путин рече дека европските сили поставуваат барања за можно мировно решение за Украина, што Москва го смета за апсолутно неприфатливо.

„Немаме намера да војуваме со Европа, но ако Европа го сака тоа и почне, ние сме подготвени од овој момент“, изјави Путин пред новинарите пред средбата со американскиот претставник Стив Виткоф во Москва.

Тој ги обвини Европејците дека сакаат да ги попречат американските напори за завршување на војната во Украина.

„Тие немаат мировна програма, тие се на страната на војната“, додаде.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците