Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Можно е договор со Сирија, но под јасни услови на Израел

Glhwn Netanjahu6 1 .jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е можен договор со Сирија, доколку Дамаск прифати да воспостави демилитаризирана зона од главниот град до планината Хермон. Изјавата следи еден ден по пораката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој нагласи дека е важна постојана комуникација меѓу Израел и Сирија.

Сирија и понатаму формално не го признава Израел, кој ја контролира Голанската висорамнина. Нетанјаху повтори дека тоа го прави исклучиво од безбедносни причини и дека договор е можен само ако се почитуваат израелските принципи. Трамп го поддржува новиот сириски лидер Ахмед ал-Шара, додека Израел има резерви поради неговите врски со исламистички групи.

Во последниот израелски напад на југот на Сирија беа убиени 13 лица, за кои Израел тврди дека припаѓаат на либанонска исламистичка група. Нетанјаху денес ги посети ранетите војници.

Можете да прочитате

Путин се сретна со специјалниот пратеник на САД и со зетот на Трамп

Трамп го помилува поранешниот претседател на Хондурас

Кремљ планира да го зголеми извозот на нафта користејќи модерни технологии