Утрински Весник
Свет

Иранските пратеници бараат почитување на Законот за хиџаб

Hidzab.jpg

Голем број на ирански пратениците ја обвинија судската власт дека не го спроведува Законот за задолжително носење хиџаб.

Дури 155 од вкупно 290 пратеници испратија писмо до претседателот на Парламентот, наведувајќи дека „судството не може да биде пасивно“. Тие предупредија дека недоволната контрола врз спроведувањето на Законот води кон „голотија, непочитување на хиџабот и други неморални дела“. Во Иран, терминот „голотија“ често се користи за да се опише облеката што се смета за несоодветна.

Од Исламската револуција во 1979 година од жените во Иран се бара целосно да ја покријат косата во јавност. Сепак, во големите градови, особено во Техеран, многу жени излегуваат без хиџаб.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците