Утрински Весник
Свет

Руте се надева на мир во Украина пред летото во 2026 година

Mark Rute.jpg

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изрази надеж дека мировните преговори за Украина ќе доведат до прекин на огнот или мировен договор пред летото следната година.

Toj во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека е тешко да се предвиди дали напорите на САД ќе постигнат успех.

Тој посочи дека месечно во војната гинат по 20 илјади Руси, а големи жртви трпи и украинската страна, и оти тоа мора да запре. – Да се надеваме дека ќе има договор за мир, ние помагаме со сè што е во наша моќ, додаде Руте.

Според него, очекувањата се војната да заврши на начин што Русија никогаш повеќе нема да ја нападне Украина.

– Патот на Украина кон НАТО е неповратен, но знаеме дека во Алијансата ја нема неопходната едногласност за прифаќање на земјата во организацијата. Затоа разговараме како Украина да биде заштитена откако војната ќе заврши, појасни Руте.

Тој нагласи дека прашањата поврзани со иднината на пактот, кои се вклучени во првичниот нацрт на мировниот договор од последните недели, ќе бидат решавани од сојузниците одделно.

Можете да прочитате

Поранешната потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини е приведена

Путин: Русија не сака војна со Европа, но е подготвена ако започне

Нетанјаху: Можно е договор со Сирија, но под јасни услови на Израел