Утрински Весник
Скопје

Финансиска поддршка за новороденчињата од општина Кисела Вода

Denari Pari.jpg

Општина Кисела Вода денес додели ваучери во вредност од 12.000 денари за новороденчињата, како финансиска поддршка за семејствата во првите месеци по раѓањето на детето. Настанот беше посветен на најмладите жители и нивните родители.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска порача дека грижата за децата и семејствата започнува уште од првиот ден. Таа истакна дека исплатата е извршена и за новороденчињата од претходните месеци, за кои средствата беа одложени поради изборниот процес.

„Сакам да ги информирам и сите родители со новороденчиња кои аплицирале во изминатите месеци, а за кои, поради изборниот процес не беше можна исплатата, дека средствата ќе ги имаат на нивните сметки во текот на утрешниот ден“, истакна Стаменкоска Трајкоска, повикувајќи ги сите нови родители да аплицираат за мерката.

Право на аплицирање имаат семејствата со новороденчиња до 90 дена, а потребната документација едноставна за пополнување е достапна на веб-страницата на Општина Кисела Вода.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје