Утрински Весник
Македонија

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници

Svr veles.jpg

Жител на Бегниште бил приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници.

– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишија од слобода М.И., на возраст од 49 години од кавадаречкото село Бегниште, затоа што во место викано „Витачево“, кавадаречко, агресивно се однесувал кон нив и ги спречувал во вршењето на службените дејствија. М.И. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Од СВР – Велес соопштија и дека утрово во 02:25 часот во ОВР – Неготино, 43-годишниот неготинец Б.П. пријавил дека во казино во градот, по кратка раправија, бил физички нападнат од Г.А., 44-годишно лице, исто така, од овој град.

По документирање на настанот, како што нагласија, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата

Петковска: На ОЈО ГОКК му треба шеф кој ќе може да се спротивстави на политичките притисоци

Петковска: За заканите мора да има исти аршини – и за премиерот и за граѓаните