Утрински Весник
Балкан

Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора осудена на една година и девет месеци затвор

20251202100505 big 730x400 97.webp.webp

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица денеска е осудена на една година и девет месеци затвор, а судијката на Трговскиот суд Милица Влаховиќ Милосављевиќ на шест месеци затвор. 

Во обвинението се наведува дека Влаховиќ Милосављевиќ сторилa кривично дело злоупотреба на службена должност, а Меденица – злоупотреба на службена должност со поттикнување, пишува Вијести.

Во обвинението се наведува и дека Меденица, како претседателка на Врховниот суд, влијаела врз судијата на Трговскиот суд да донесе одлука во случајот во корист на нејзиниот кум Раде Арсиќ, на штета на московската корпорација „Тен“.

Ова е првостепената пресуда што ја изрече Бранислав Лековиќ, судија на Вишиот суд во Подгорица.

Можете да прочитате

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa