Утрински Весник
Македонија

(Видео) Почна третото рочиште за пожарот во „Пулс“

Sudenje idrizovo.jpeg

Во кривичниот суд во Идризово, денеска се одржува третото судско рочиште за судскиот предмет за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Денес, се очекува да се одржат воведните излагања на одбраната, а обвинетите да се произнесат по однос на обвиненијата што им се ставаат на товар.

Ова рочиште претходно беше закажано за 26 ноември но судечкиот совет го одложи за денеска затоа што дел од одбраната посочи дека нивните клиенти го немале добиено интегрираното обвинение откако на постоечкото се додаде и обвинението за агенцијата „Рубикон“ која критичната вечер била обезбедување на локалот „Пулс“.

Во обвинителниот акт опфатени се 34 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. 

Можете да прочитате

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени