Утрински Весник
Македонија

Обвинетиот Камбери фатен со 13 телефони во затвор, судијката му се закани со самица

Kocani sud puls.jpeg

Со 15-минутно доцнење и напната атмосфера денеска започна рочиштето за случајот поврзан со трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“. Уште пред да започне главната расправа, судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи обвинетиот Џеваир Камбери со сериозен прекршок направен за време на неговиот престој во притвор.

Како што беше соопштено во судницата, при претрес во ќелијата на Камбери во истражниот затвор „Скопје“ биле пронајдени дури 13 мобилни телефони и еден лаптоп што претставува грубо кршење на затворските правила.

На прашање од судијката како се нашле уредите во неговиот притворски простор, Камбери понуди бизарно оправдување, тврдејќи: „Јас ги најдов таму уште кога влегов.“
Судијката веднаш го отфрли ваквото објаснување и остро реагираше: „13 мобилни телефони ги најдовте вие? Ве молам… Знаете што следува понатаму – самица и други мерки.“

Кој е Џеваир Камбери?

Камбери, инаку службено лице и поранешен советник во Министерството за економија, е еден од главните обвинети во случајот со издавање спорни лиценци за клубот „Пулс“. Според обвинението, тој примал поткуп и фалсификувал службени документи, при што наводно земал 226.000 денари за незаконско издавање лиценца за кабаре, без да биде почитувана законската процедура.

Рочиштето продолжува, а по денешниот инцидент се очекува судот да преземе дополнителни мерки за дисциплина во притворот и за безбедноста на процесот.

Можете да прочитате

Од вечер дожд и на планините снег

ВЛЕН: Случајот „Дурмо Турс” е жив доказ за неуспехот на системот

Мицкоски за „Сејф сити”: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи