
Управата за јавни приходи создаде водич за пријавување и одданочување на доходи од странство. Физичките лица, резиденти на државата, кои остваруваат доход од странство имаат обврска да го пријават преку системот е-Даночни услуги.
Обврска за пријавување на доходот имаа сите физички лица кои оствариле приливи од странство по основ на доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс), доход од закуп (вклучително и преку платформи како Airbnb и Booking.com), капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и др.), доход од капитал (дивиденди, камати, други финансиски приходи), авторски права, добивки од игри на среќа,
и друг вид доход.
Приливи од странство кои не подлежат на оданочување се приливите добиени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или трансфери преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси.
Сите детаи за ова одданочување може да се најдат на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170
Практичното упатство за начинот на пополнување и плаќање на пресметката може да се види преку следниот линк https://youtu.be/9P7RjC-Zjc8.


