Утрински Весник
Скопје

Ентеробактерии откриени во едно од деветте основни училишта во Карпош по вонредната контрола

Oou dimo hadzi dimov 1024x461 1.jpg

Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) спроведоа вонредна контрола во девет основни училишта во општина Карпош на 27 ноември 2025 година.

Од секое училиште беа земени мостри од храна и брисеви од работните површини во кујните. Анализите покажаа дека во повеќето примероци не се пронајдени патогени бактерии. Сепак, во едно од училиштата беа откриени ентеробактерии на две површини, што укажува на недоволна хигиена.

Институтот за јавно здравје информира дека бактериите биле идентификувани во брисеви од две работни површини во кујнскиот простор, што укажува на недоволно одржување на хигиената.

Истата група бактерии претходно беше потврдена и во чешмите и храната во училиштето „Димо Хаџи Димов“, каде што голем број ученици развија симптоми на труење. Анализите покажале дека во останатите осум училишта вклучени во надзорот не се најдени патогени бактерии и мострите од храна и површини биле во рамки на здравствените стандарди.

Од Институтот најавуваат дека врз основа на наодите ќе предложат измени во Националната годишна програма за јавно здравје, како и во релевантните правилници и законски акти. Целта е да се засили хигиенскиот надзор во училиштата и градинките, како и да се обезбедат побезбедни услови за подготовка на храна и вода во воспитно–образовните установи.

Можете да прочитате

Вонредни контроли во 9 основни училишта во Карпош

,,Пајакот” на ПОЦ подигнал 97 непрописно паркирани возила минатата недела

Скопје го отвора процесот за буџетот за 2026 година – Граѓаните и организациите повикани на активно учество