Утрински Весник
Балкан

ЕУ очекува „брза и транспарентна“ истрага за инцидентите на локалните избори во Србија

Izbori e1762082041361.webp.webp

Европската Унија очекува брза и транспарентна истрага на сите настани и инциденти што ги одбележаа локалните избори во Србија одржани вчера, наведоа од ЕУ за РСЕ.

Според изјави на независни набљудувачи и претставници на опозицијата, изборите во Неготин, Мионица и Сечањ беа обележани со бројни нерегуларности, закани и физички конфликти.

Владејачката Српска напредна странка (СНС) прогласи победа во сите три општини. Вомсвојот одговор до РСЕ, ЕУ вели дека внимателно ги следеле настаните од денот на изборите.

„Очекуваме брза и транспарентна истрага од страна на надлежните државни органи во врска со извештаите за инциденти и нерегуларности, вклучително и извештаи за насилство и заплашување на независни набљудувачи“, наведува ЕУ.

Тие додаваат дека правилното функционирање на демократските институции на Србија е во самото срце на процесот на пристапување на Србија кон ЕУ.

ЕУ потсетува дека изборниот процес во Србија бара понатамошни, конкретни подобрувања и реформи.

Можете да прочитате

Три лица мртви во студентски дом во Бугарија

Пленковиќ: Без меѓународното право малите држави ќе бидат само набљудувачи

Рама: Стратешките туристички проекти ќе продолжат и покрај протестите