Утрински Весник
Магазин

Алиштата ви мирисаат и по перењето? Еве што облеката се обидува да ви каже

Masina za perenje 1.jpg

Спортските материјали, како полиестер, полиамид и еластан, се развиени така што „дишат“, односно ја впиваат влагата од кожата и брзо се сушат, што ги прави идеални за тренинг и активен живот. Но, поради нивната структура, лесно задржуваат непријатни мириси затоа што потта и природната маснотија што ја лачи кожата се таложат длабоко во влакната. Наместо да се отстранат, со перење на прениска температура или со неадекватен детергент, проблемот со одбивниот мирис и чувството на нецелосна чистота само се засилува. Дознајте што ви „порачува“ облеката – што правите погрешно за време на перењето и како најлесно да го спречите тоа.

1. Користите несоодветен детергент за спортски материјали
Како што споменавме, спортската облека лесно ја задржува влагата и непријатните мириси во својата структура. Тие се таложат длабоко во ткаенината, во ситните пори и меѓу влакната, каде што обичните детергенти не продираат бидејќи немаат ензими и состојки што целно ги разградуваат маснотиите и мирисите.

Како да го решите тоа:
Избирајте детергент развиен специјално за спортска и активна облека – но подеднакво ефикасен и за секојдневна гардероба. Faks Sport Aktiv, со иновативна ензимска формула, продира длабоко во влакната, ги разградува маснотиите и нечистотиите наместо само да ги прикрива со мирис, и обезбедува темелна чистота и на пониски температури.

2. Перете на прениски температури
Перењето на 20 или 30°C често се препорачува за зачувување на материјалите, но понекогаш овие температури или скратените циклуси не се доволни за да се отстранат сите органски остатоци, како потта, која предизвикува непријатен мирис.

Како да го решите тоа:
Кога е потребно нежно перење, комбинирајте пониски температури со детергент што делува и во такви услови. Така ја зачувувате функционалноста на облеката, а добивате хигиенска свежина.

3. Ја занемарувате хигиената на машината за перење
Дури и најдобриот детергент нема да помогне ако машината не е чиста. Наслагите од детергент, каменецот и нечистотиите на гумата, филтерот или ладицата за дозирање можат да создадат непријатен мирис што се пренесува на алиштата.

Како да го решите: Детален водич за чистење на машината

Исчистете ја ладицата за детергент – најмалку еднаш месечно. Отстранете ги наслагите и исперете ја со топла вода.

Проверете го влезот за вода. Наталожениот талог може да предизвика непријатни мириси и слаб проток.

Избришете ја гумата на вратата. Во наборите се собираат нечистотии и бактерии.

Исчистете го филтерот – на секои 2 до 4 недели. Ова е особено важно ако често перете спортска облека или пешкири.

Пуштете празен циклус на висока температура. Најмалку еднаш месечно, а идеално еднаш неделно ако главно перете на ниски температури. Програма од 60°C или повеќе ги отстранува наслагите и мириситe.

Можете да прочитате

Посна пита: Сочна и вкусна, се приготвува за миг!

Амбасадорот на Швајцарија, Зомер, во посета на ТИТАН Усје: Размена на искуства и добри практики за циркуларната економија

Совети за мигрена и главоболки во бременоста