Утрински Весник
Македонија

Беким Сали и Муамет Хоџа – предлог на Владата за нови министри

Sobranie.webp.webp

Беким Сали и Муамет Хоџа се двајцата нови министри кои како предлог на Владата се доставени до Собранието.

Сали е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за европски прашања, а Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање.

Од Собранието информираат дека согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка, а за денот на одржување на седницата на која ќе бидат разгледани и ставени на гласање, Собранието ќе информира дополнително.

Во предлогот доставен до Собранието не се споменува името на Башким Бакиу кој, според Вреди, требаше да биде назначен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу, кој пак требаше да ја преземе директоркста позиција во Агенцијата за електронски комуникации.

Премиерот Христијан Мицкоски во изјавите за медиуми тврдеше дека нема да има реконструкција на Владата, туку само пополнување на министерските места кои се испразнија по заминувањето на Изет Меџити за гардоначалник на Чаир.

Засега, нема официјален став каде ќе оди и досегашниот министер за европски прашања Орхан Муртезани, иако неговото име се споменуваше за амбасадорското место во Брисел.

Можете да прочитате

Бранко Аџигогов повеќе не е генерален директор на Фондот за здравство

Сиљановска-Давкова: Потребна е реална заштита на жените од насилство

Џејла Рамовиќ се огласи по инцидентот: Настапот беше прекинат по вина на организаторот, Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам!