
Соопштение за јавност на СДСМ:
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.
Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.
A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.
И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал.
Исти методи, исти шеми, исти луѓе, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.
Крадењето мора да запре. За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот.
Работата сè уште не е завршена.


