Утрински Весник
Македонија

Тројца приведени во Миравци, кај нив пронајдена марихуана и таблети

Droga apsenje 2.jpg

Тројца мажи се приведени во две одделни полициски акции спроведени во селото Миравци, гевгелиско, соопшти МВР.

Во првиот случај, на 29 ноември 2025 година околу 22:10 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.П. (32) од Миравци, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

Еден час подоцна, околу 23:20 часот, во истото село биле приведени С.Р. (27) и К.Т. (38), двајцата од село Пирава, валандовско. При контрола на патничко возило мерцедес со валандовски регистарски таблички, во кое биле затекнати, полицијата пронашла марихуана, таблети и шише со непозната течност.

За двата случаи е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол