Утрински Весник
Спорт

Монако го победи ПСЖ – 24info.mk

Psz.jpg

Европскиот и француски шампион ПСЖ попладнево доживеа пораз во дербито од 14. коло на францускиот шампионат, откако Монако победи на домашен терен со 1:0.

Единствениот гол го постигна јапонскиот интернационалец Такуми Минамино во 68. минута. Последните десетина минути, Монако играше со играч помалку откако капитенот Тило Керер доби црвен картон.

Со оваа победа, Монако се искачи на шестото место со 23 бода, додека ПСЖ ризикува да го загуби врвот на табелата доколку Олимпик Марсеј или Ленс остварат победи во ова коло.

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА