Утрински Весник
Македонија

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион

Kompir.jpg

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември украле 160 вреќи компир од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистар, сопственост на К.С. од село Горна Речица, соопшти СВР Струмица.

Во сопштението се наведува дека полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.

– Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кој ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот, стои во полициското соопштение.

Јавниот обвинител од ОЈО Струмица е запознаен, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Дали македонските работници се безбедни? „Ноќно студио“ вечерва ги отвара горливите прашања во градежништвото

Доживотен затвор за убиецот од Штип: Судот не поверува во смената на исказот на Денис Асанов

Лицата без лични документи ќе добијат електронско здравствено досие преку „Мој термин“