Утрински Весник
Свет

Зеленски во понеделник ќе го посети Макрон во Париз

Zelenski.webp.webp

Средба помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Двајцата лидери ќе разговараат за условите за праведен и траен мир, по разговорите во Женева и презентацијата на мировниот план на САД, соопшти Елисејската палата, пренесуваат британските медиуми.

Зеленски последен пат беше во Париз на 17 ноември.

Минатата недела, САД му поставија ултиматум на Киев да ги прифати условите од договорот од 28 точки до Денот на благодарноста.

Можете да прочитате

Руски балистички напади врз Киев, Украина со дронови нападна цели на руска територија

Минатата година е една од најсушните во последните децении

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните