Утрински Весник
Свет

Макрон сака забрана за мобилни телефони во училиштата

Makron 960x539 1.jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека планира да ја прошири забраната за мобилни телефони и во средните училишта, мерка која веќе е во сила во основните.

„Се соочуваме со бран на осаменост и проблеми со менталното здравје кај нашите млади“, рече Макрон и најави започнување на голема информативна и превентивна кампања насочена кон родителите.

Макрон предупреди на зголемена осаменост и проблеми со менталното здравје кај младите и најави информативна кампања за родителите. Во Франција веќе е забранета употребата на телефони, таблети и интернет-уреди во основните училишта, со исклучоци за воннаставни активности и ученици со посебни потреби.

Можете да прочитате

Руски балистички напади врз Киев, Украина со дронови нападна цели на руска територија

Минатата година е една од најсушните во последните децении

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните