Утрински Весник
Свет

Мерц ги осуди судирите во Гисен

Merc.webp.webp

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека сцените на судирите на маргините на основачкиот конгрес на младинската организација на АФД во Гисен се се освен пријатни.

На партиската конференција на ЦДУ во Магдебург тој рече дека станува збор за конфликт меѓу крајната левица и крајната десница, објавува Билд.

„Само удирање со тупаница по масата – така не функционира демократијата. Сакам да бидеме во политичкиот центар на нашата земја за да покажеме дека можеме да решаваме проблеми. Слободата и мирот се најважни“, рече Мерц.

Во Гисен денеска се одржуваат протести поради основањето на новата младинска организација на АфД. Во еден момент дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата.

Можете да прочитате

Американскиот министер за трговија со остри критики кон Европа

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна