Утрински Весник
Македонија

Повредени двајца тинејџери, со возило излетале од патот Ресен-Прилеп и удриле во заштитна ограда

Brza Pomos 1.webp.webp

На 27.11.2025 во 01:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Ресен-Прилеп патничко возило „сеат леон” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од В.И.(18) од Демир Хисар излетало надвор од коловозот и удрило во метална заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с. Журче, демирхисарско констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата