Утрински Весник
Македонија

Македонците во Хрватска ќе одбележат годишнина од „Бели мугри“ на Кочо Рацин

20250407150852 big 730x400 77.webp.webp

Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб денеска во хрватскиот град Самобор ќе органзираат културна манифестација по повод 86-годишнината од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на поетот Кочо Рацин.

Како што најавија организаторите, ќе бидат положени венци пред бистата на Рацин во Самоборскиот музеј  каде што предавање за неговиот живот и дело ќе одржат професорите Васил Тоциновски и Горан Коров.

Рецитали и поезија од Кочо Рацин ќе изведат  ученици што посетуваат настава по македонски јазик во Хрватска и членови на литерарно-драмската група „Ленка”, а ќе настапи и пејачката група „Моми бисерни” под водство на Сафиудин Алимоски.

Покровители на настанот се Советот за националните малцинства на Република Хрватска  и Самоборскиот музеј. 

Можете да прочитате

ЕУ известувачот тврди: Интервјуто е старо, не ја отсликува сегашната реалност на Македонија

Пешевски: Автопатот Кичево-Охрид е бунар без дно – милијарда евра потрошени, крај нема!

Пешевски: Секој ден на градилиште е бинго – дали ќе се вратиш жив дома