Утрински Весник
Магазин

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зиме

Avtomobili.webp.webp

Возењето на кратки растојанија во зима,  на ниски температури, не е економично бидејќи тогаш автомобилот троши најмногу гориво, бидејќи моторот нема време да се загрее. Во просек, на температура од -7 степени, автомобилот троши до 12 отсто повеќе отколку во пролет или лето на 25 степени.

Постојат неколку причини за ова. Пред сѐ, на моторот му треба малку време за да ја достигне оптималната температура кога работи. Студеното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот на тркалање и потрошувачката на гориво (повремено проверувајте го притисокот во гумите). Студениот надворешен воздух е погуст од топлиот воздух, па затоа отпорот на возење и потрошувачката на гориво се зголемуваат.

Во услови кога има снег и мраз на патот, има поголемо лизгање на погонските тркала, што исто така, ја зголемува потрошувачката на гориво. И побавното возење до 60 км/ч негативно влијае на потрошувачката на гориво, пишува „Ревија ХАК“.

Следниот совет гласи: Не ги користете функциите за одржување/одмаглување на прозорците и за греење на седиштата предолго. 

Натаму, и паркирањето во потопли места, како што се гаражите – ќе помогне. Исто така, кога ќе го стартувате автомобилот, почнете да возите што е можно поскоро, бидејќи моторот така се загрева побрзо. 

Можете да прочитате

Четири клучни возрасти за мозокот

Полнети печурки со сирење – 24info.mk

„Ејч-би-о“ го проширува светот на „Игра на престоли“