Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Дигитализацијата e алатка за борба против корупцијата

21102024 Andonovski.jpg

Проектот за 55 илјади ваучери од 15.300 денари за студенти беше главната тема на гостувањето на министерот за дигитална трансформација Андоновски во Тема на денот во дневникот на Сител ТВ. Тој истакна дека целата постапка е транспарентна и едноставна. Смета дека со проектот корупцијата целосно се елиминира.

„Оваа услуга покажува борба против корупцијата. Овој систем не познава кое дете од каде доаѓа, кој студент какви родители има, системот не подразбира дали сте син или ќерка на некој функционер за да добиете ваучер, туку тој систем доделува ваучери на секој кој ги исполнува условите”, истакна Андоновски.

Дополнително, министерот потенцираше дека изводот од матична книга на родени и уверението за државјанство се издаваат онлајн а со тоа директно се влијае на сузбивање на ситната корупцијата.

„Веќе не плаќате 400-500 денари на некој службеник во некоја канцеларија за побрзо да го издаде вашиот документ. Кликнувате, 20 секунди и го добивате документот на меил”, заврши министерот Андоновски.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата