Утрински Весник
Македонија

Петрушевска: Амандманите на Левица ја покажуваат нивната хипокризија, реконструкцијата на студентските домови е веќе во тек

Petrushevska 26.11.2025.jpg

Соопптение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година истакна дека двата амандмани поднесени од пратеничката група на Левица уште еднаш ја потврдуваат нивната хипокризија и лажна борба за интересите на студентите.

„Овие два амандмани коишто ги има поднесено пратеникот од пратеничката група од Левица, ја потврдуваат нивната хипокризија, впрочем како што дојдоа преку лажни шарени вести и протести на улица, продолжуваат што до ден-денес не се појавуваат во Собрание за вистински да аргументираат за амандманите коишто ги имаат поднесено, и преферираат истите тие да ги објават во некој Фејсбук статус или евентуално некое видео на ТикТок, но никако да го искористат своето право токму тука на оваа седница“, вели Петрушевска.

Таа додаде дека амандманите на Левица покажуваат и недоволна информираност, особено во делот на реконструкцијата на студентските домови.

“Реконструкцијата на студентските домови започна и тоа токму во „Кузман Јосифовски – Питу“,  „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, а истата реконструкција ќе продолжи и во останатите студентски домови, како што се и во Штип, Битола и во Струмица“, додаде Петрушевска.

Дополнително, таа потсети дека во изминатите 16 месеци е целосно дигитализиран процесот на доделување стипендии, а Владата продолжува со инвестиции во реконструкција на студентските домови, како и поддршка во образовниот процес на најмладите.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ние не сме акционерско друштво кое ја снабдува Србија со нафта

Возачот избегал, повредениот пренесен во болница – Нови детали за прегазувањето кај „Јосип Броз“

Василевска и Мираковска се сретнаа со евроизвестителот Вајц за напредокот на евроинтеграциите