Утрински Весник
Македонија

Коалицијата Вреди ги договори имињата на новите министри во Владата

Medziti vlen 2.jpg

Во Коалицијата Вреди се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник во Чаир, посочуваат извори од коалицијата за МИА. Од Владата пак за МИА велат дека до нив Вреди се уште нема доставено предлог и очекуваат како што денеска кажа премиерот Христијан Мицкоски тоа да се случи најдоцна до понеделник.   

Според извори во коалицијата Вреди, Беким Сали ќе биде кандидат за функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за ресорот животна средина, додека Башким Бакиу ќе биде предложен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу. Алиу, пак, треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.

Актуелниот министер за евроинтеграции Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор во Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите кажа дека очекува имињата на новите функционери, Вреди до него да ги достави в понеделник, откако ќе бидат искристализирани, но, дополни дека тоа се оние имиња, кои горе долу циркулираат во јавноста. 

– Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави Мицкоски. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Ние не сме акционерско друштво кое ја снабдува Србија со нафта

Возачот избегал, повредениот пренесен во болница – Нови детали за прегазувањето кај „Јосип Броз“

Василевска и Мираковска се сретнаа со евроизвестителот Вајц за напредокот на евроинтеграциите