Утрински Весник
Македонија

13-годишник тешко повреден во сообраќајка – возачот избегал, па бил фатен од полицијата

Policijasoobrakjajka Nokje.png

На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран” со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Манасиевски: Корумпираните поединци од судството се штитат едни меѓу други од одговорност

Приведено лице од Турција барано со меѓународна потерница за банкарска измама

Николоски: Заштитата на Охридското езеро и басенот на река Црн Дрим е приоритет за Владата