Утрински Весник
Македонија

Инспекторите извршиле 43 вонредни инспекциски надзори од почетокот на ноември, кривични пријави за загадувачите

20251126101754 big 730x400 87.webp.webp

Инспекторите од Секторот за инспекциски работи при Општина Струмица, од 1 до 24 ноември, извршиле вкупно 43 вонредни инспекциски надзори за превентивно и репресивно делување за спречување или намалување на штетните последици од загадувањето на амбиентниот воздух, животната средина, како и обезбедување на јавната чистота на јавните површини, соопштија од локалната самоуправа на нејзината официјална страница.

-Една од локациите за вонреден инспекциски надзор беше улицата „Антон Панов“, на којашто многу често се фрла отпад од стари моторни возила на земјиште во сопственост на правни и физичка лица и на јавна површина. Од страна на општинските инспектори, а во соработка со СВР Струмица, се обезбедени материјални докази за кривичен прогон, се наведува во соопштението.

Во овој временски период, од страна на општинскиот инспектор за животна средина, се извршени и 12 вонредни инспекциски надзори, а општинските комунални инспектори извршиле 17 вонредни инспекциски надзори и општинските градежни инспектори 14 вонредни инспекциски надзори.

Врз основа на затекнатата состојба, против правните и физичките лица кои не ги почитуваат законите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Секторот за инспекциски работи апелира до сите правни и физички лица на законско работење и однесување со цел да се намали аерозагадувањето и да се зголеми јавната чистота во Општината.

Можете да прочитате

Мицкоски за случајот со Владимир Перев: Апсолутно отфрлам дека е направен како било напад врз тоа лице

Министерот Муцунски ја претстави Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030

Велосипедист заврши со тешки повреди по судар со автомобил во струшко