Утрински Весник
Македонија

Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите

Levica.webp.webp

 АФЖ – Левица сподели сведоштво од жена која, поради семејно и сексуално насилство, била принудена да користи евтина контрацептивна спирала, што довело до сериозни здравствени компликации и итна операција. Таа порачува дека многу жени-жртви немаат финансиски можности за поквалитетни медицински средства и апелира државата да ги субвенционира.

Жртвата нагласува дека поддршка добила главно од организации и од АФЖ – Левица, како и од пратеничката Јована Мојсоска, но не и од институциите.

Од АФЖ – Левица велат дека целосно застануваат зад иницијативата државата да обезбеди пристап до безбедни и квалитетни контрацептивни средства за жените-жртви, како дел од пошироката борба за нивните права.

Кампањата на АФЖ – Левица за 16-те дена активизам се одвива под слоганот: „Не трпи! Не молчи! Едуцирај се, охрабри се! Делувај!“

,,Нашата кампања оди во насока на обелоденување на немили сведоштва на жени – жртви на родово базирано насилство во приватниот и јавниот живот, но и жени – жртви на институционално насилство. Воедно, работиме и на онлајн – кампања за едукација на жртвите и жените воопшто од аспект на Истанбулската конвенција”, додаваат од АФЖ – Левица.

Потсетуваат и дека насилството во Македонија е во подем, системот – во распад, фемицидот, за жал, е присутен во секојдневието.

Од АФЖ – Левица апелираат:
,,Стоп за насилството!” Од таму упатуваат апел: „Стоп за насилството!“

Можете да прочитате

Дрвокрадци камикази се судриле со шумска полиција, две лица приведени, а по две се трага

Ексклузивен концерт на камерниот оркестар Профундис со Петар Пејчиќ и програма што ги спојува Глас, Попер и Чајковски

Новите македонски филмови „Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека