Утрински Весник
Македонија

Од денеска до сабота облачно со повремен дожд

Oblacno Ezero.webp.webp

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени

Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре (над 25 l/m2 за 24 часа).

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени.

Стабилизирање на времето се очекува од недела. 

Можете да прочитате

Пленарна конференција на Националната конвенција за ЕУ

Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите

Филипче: Власта на Мицкоски продолжи каде што застана Никола Груевски