Утрински Весник
Македонија

Си ја укинала старата функција и си отворила нова – Директорка од Битола сама си се унапредила, сега ќе одговара пред законот

Apsenje Zena 1.jpg

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, М.С. (53), сама донела одлука да се унапреди и за себе да отвори повисоко работно место, информираат од полицијата. Притоа, таа го укинала претходното работно место „виш кустос“ и си создала ново „кустос советник“, позиција која е едно ниво повисоко.

Според СВР Битола, ваквата промена на Актот за систематизација била направена спротивно на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи. Со тоа, пријавената, според истрагата, несовесно постапила во извршувањето на своите службени овластувања.

Полицијата ја товари за кривично дело „несовесно работење во службата“, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Вејсели: Цените растат, ДУИ со предлог мерки за заштита на семејствата

За 10 дена 6.264 сообраќајни прекршоци, уапсени 151 возач

Девет предмети за дискусија на седница на Уставниот суд