
Авто школата New Fox ја прославува својата прва година од постоењето – период исполнет со силен раст, доверба од голем број кандидати и континуирани активности за унапредување на сообраќајната култура. Благодарение на професионалниот тим, кандидатите успешно ја завршија обуката и станаа одговорни учесници во сообраќајот.
Соработка со средното училиште „Шаип Јусуф“
Еден од значајните чекори во изминатата година е соработката со средното стручно училиште „Шаип Јусуф“. Со потпишаниот договор, учениците добиваат можност својата практична настава да ја реализираат директно во авто школата New Fox, под менторство на искуствен кадар. Оваа соработка претставува силен придонес во развојот на младите стручни кадри.
Партнерство со IPA – Интернационална полициска асоцијација
Авто школата потпиша годишен договор и со IPA – Интернационална полициска асоцијација, преку кој се реализираат предавања низ основните и средните училишта во целата држава. Акцентот е ставен на подигање на свеста и едукација на младите за важноста на сообраќајните правила, препознавањето на опасности и развивање култура на безбедно учество во сообраќајот.
„Нашата заедничка мисија со IPA е да изградиме побезбедна иднина за најмладите. Со поддршка на Интернационалната полициска асоцијација, овие предавања добиваат дополнителна тежина и кредибилитет“, велат од авто школата New Fox.
Од IPA додаваат:
„Соработката со New Fox ни овозможува да допреме до многу млади низ целата држава и заедно да ја подигнеме свеста за безбедност во сообраќајот.“
Соработка со ЦСИ „Надеж“ – Работилници за млади возачи
Во изминатиот период, ЦСИ „Надеж“ и авто школата New Fox организираа специјализирани работилници за подготовка на младите за теоретскиот дел од полагањето. На овие работилници учесниците учеа за сообраќајните знаци, правилата и културата на движење, како и за важноста од одговорно учество во сообраќајот.
„Младите покажаа огромен интерес и желба да учат. Нашата цел е да изградиме генерации возачи кои ќе бидат внимателни и подготвени за реални ситуации,“ изјавуваат од авто школата.
Нова соработка со Џевахир Мол – Информативен пункт за граѓаните
Како најнова иницијатива, авто школата New Fox ќепотпиша меморандум за соработка со Џевахир Мол каде ќе биде отворен нов информативен пункт. Целта е авто школата да биде поблиску до граѓаните, кои на лице место ќе можат да добијат информации за услугите, термини, обуки и промоции.


