Утрински Весник
Македонија

Аца Лукас најави нов концерт во Скопје, парите ќе ги донира на семејствата на жртвите од Кочани

5167a506 2714 4735 9019 6bc82447362a.jpg

Аца Лукас, српскиот фолк пејач најавија прес-конференција на која ќе појаснат дека приведувањето во Кавадарци има приватна позадина, а не законска основа. Лукас истакна дека бил замолен да оди во полициска станица, и дека не знае зошто бил задржан.

„Не бев уапсен. Бев замолен да одам во полиција и сè уште не знам зошто бев приведен. Сите документи беа регуларни и процедурата беше идентична со сите мои настапи досега. Очигледно некому му застанавме на жуљ. Кога некој ја користи функцијата која му ја дал народот за приватни пресметки, тоа е противзаконски, дегутантно и одвратно“, изјави Лукас.

Менаџерот на Лукас, потврди дека Лукас имал уредни документи, иако МВР претходно информираше дека настапот бил одржан без дозвола за работа, дека во локалот се работело без фискални сметки, се прекршувал Законот за пушење и дека бројот на гости бил над дозволениот капацитет.

Лукас и Митровиќ најавија дека на 20 декември ќе одржат концерт во арената „Јане Сандански“ во Скопје, при што целиот приход ќе го донираат на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Дополнително најавија дека ќе ги подмират и сите трошоци кон државата.

„Ова ќе биде само првата донација. Ќе продолжиме да помагаме во Кочани. И бидејќи веќе се најавуваме, може да бидете мирни – ќе ги имаме сите можни документи, дури и ‘тоалетна хартија’, за да не помислите дека нешто недостасува“, истакна Лукас.

Можете да прочитате

Коцевски: Истрагата за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е при крај и се чека само неговата екстрадиција

Гала оперски концерт во МОБ со светски познатата оперска дива Инва Мула

Законот за волонтерство ќе биде по примерот на европските закони, следува отворен и инклузивен процес