Утрински Весник
Свет

Помошник на Кремљ: Европскиот контрапредлог за мир во Украина е неконструктивен

Kremlj moskva.jpg

Европскиот контрапредлог на американскиот мировен план за Украина според помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков е целосно неконструктивен. Според Ушаков, многу точки од првичниот американски план испратен до Киев минатата седмица се прифатливи, но вели дека други бараат детална дискусија.

,,На прв поглед, европското дополнување изгледа целосно неконструктивно и не е прифатливо за Русија” – истакна Ушаков.

Според него постојат некои сигнали за организирање на средба меѓу руски и американски претставници, но се уште нема конечен договор.

Можете да прочитате

Шпанскиот државен обвинител даде оставка откако беше осуден за „протекување информации“

Прв пациент од Србија прима руска персонализирана вакцина против рак

Франција воведува доброволен воен рок